АктуелноБоксПрофесионален

Мурат Гасиев ќе ја брани титулата против Тони Јока во Москва

Шампионот на ВБА во тешка категорија, Мурат Гасиев, ќе ја има првата одбрана на појасот на 11 јули во Москва. Според „Скај спорт“, негов противник ќе биде францускиот боксер Тони Јока.

34-годишниот Јока е олимписки шампион од Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година и еден од најпознатите европски боксери во тешка категорија. Досега, Французинот има 18 професионални борби, во кои има забележано 15 победи, од кои 12 со нокаут.

Сепак, неговата кариера помина низ сериозна криза во периодот 2022-2023 година, кога претрпе три последователни порази. Моментално, Јока е во добра форма и е во серија од четири последователни победи.

Французинот требаше во април да се соочи со Лоренс Околи, но борбата пропадна откако Британецот беше позитивен на тестот за забранети супстанции.

Мурат Гасиев (32) ја освои титулата на ВБА во регуларна категорија во декември 2025 година кога го нокаутира Кубрат Пулев.

Русинот има професионален скор од 33 победи, од кои 26 со нокаут, и два порази. Меѓу 2016 и 2018 година беше светски шампион на ИБФ во полутешка категорија пред да го изгуби обединувачкиот меч од Александар Усик.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON