Легендарниот американски боксер Мухамед Али, кој беше примен во болница на 21 декември со воспаление на белите дробови, брзо се опоравува и може да биде испуштен уште наредната недела. Ова го соопшти неговата ќерка Лејла Али, а ја пренесе агенцијата ЕФЕ.
„Многу луѓе ми поставуваат прашања за состојбата на татко ми. И можам да кажам дека работите се одвиваат многу добро“, рече Лејла Али, која додаде дека 72 годишната боксерска легенда исто така имал и лесна пневмонија.
Во 1999 година Мухамед Али е избран за спортист №1 на векот, а од 1984 година му е дијагностицирана паркинсонова болест.
Во својата професионална кариера Мухамед Али има 61 борба, 56 победи (37 од нив со нокаут) и претрпе пет порази. Олимписки шампион од 1960 година, неговото име одамна е синоним за овој спорт .