Муаремовски и Нуришов во Регионалниот тим за мечот со Италија

Во изборот на селекторот Алмедин Фетаховиќ за Регионалниот тим за мечот против Италија се најдоа и двајца македонски боксери, Алмир Нуришов (-56 кг) и Денис Муаремовски (-60 кг) и тренерот Ристе Грбев.

Нуришов и Муаремовски настапуваат за Пинк Пантер во РБЛ, а поради повреда нема да настапи Гоце Јанески кој е еден од боксерите со најдобар учинок во Лигата.

Мечот меѓу Регионалниот тим и Италија ќе се одржи на 18 ноември во Погорица, Црна Гора, со директен пренос на ТВ Арена 2.

На 17 ноември е прес-конференцијата (18 часот), а потоа и состанокот на националните бокс федерации и УО на Регионалната лига. Нредниот ден во 10 часот е мерењето, а во 212 часот почнуваат борбите.

Како специјални гости на овој меч ќе се појават легендите на југословенскиот бокс Аце Русевски, Миодраг Перуновиќ, Мирко Пузовиќ, Фазлија Шакировиќ, Миливое Лабудовиќ, Дамир Шкаро, Драган Вујковиќ и Азис Салиху од кои четворица во 1978 година на Светското аматерско првенство во Белград се закитија со медали, а Југославија го постина најголемиот успех освои седум одличја, шест сребрени и еден бронзен.

Селекторот Алмедин Фетаховиќ се одлучи за следните боксери:
– 56 кг – Душан Јањиќ
– 56 кг – Алмир Нуришов
– 60 кг – Никола Букилица
– 60 кг – Денис Муаремовски
– 64 кг – Дамјан Грмуша
– 69 кг – Адем Фетаховиќ
– 75 кг – Алекса Марковиќ
– 75 кг – Петар Марчиќ
– 81 кг – Дамир Плантиќ
– 91 кг – Лука Пратлјачиќ
+91 кг – Милутин Станковиќ
+91 кг – Иван Ерслан
+91 кг – Бранимир Ловрен.

Состав на  Италија:
-56 кг Халит Ерилмаз
-56 кг Матија ди Бијанки
-60 кг Франческо Маиета
-60 кг Рикардо Кимино
-64 кг Донато Косенца
-69 кг Винченцо Арекија
-75 кг Рафаеле Муно
-75 кг Ѓовани Сарчиото
-81 кг Рикардо Валентино
-91 кг Микелангело Луси
+91 кг Гвидо Вијанело
+91 кг Мирко Карботти
+91 кг Мохидине Азиз Абес

Тренери: Рикардо Д’Андреа, Ѓузепе Фоглија, Доменико Филипелла

 

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО