Му подарија автомобил на Бивол за победата над Канело

Шефот на Меѓународната боксерска асоцијација Умар Кремлев му подари автомобил на рускиот боксер Дмитри Бивол.

На почетокот на овој месец Бивол го шокираше светот со доминацијата над Канело Алварез. Дмитри ја зголеми својата серија на 20-0 и ја одбрани титулата на ВБА во полусредна категорија.

„Искрено го поддржувам Бивол, кој извојува огромна победа над Алварез. Борбата беше фер и најважно – убава и динамична. Дмитри е непоразениот неприкосновен шампион.

Во врска со победата решив да го поддржам победникот и да му дадам автомобил.

Му посакувам на Сол да не го загуби срцето и да достигне нови височини. Ви благодариме што прикажавте таква прекрасна битка и ги израдувавте сите фанови со прекрасен бокс“, напиша Кремлев на Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON