Му ја вратија победата на Тито Ортиз против Дел Рио

Пред неколку дена Атлетската комисија во Тексас привремено му ја одзеде победата на Тито Ортиз која ја забележа со завршница против Алберто дел Рио минатиот декември.

Отворија истрага, затоа што очигледно имаше проблеми со неговите тестови за допинг. Комисијата соопшти дека е пронајдена забранета супстанција во еден од примероците за урина на Ортиз, за ​​кое рече дека неговиот лекар му ја препишал.

Во текот на истрагата стана јасно дека Тито ја кажува вистината и тоа доведе до враќање на неговата победа. Така, 45-годишниот ветеран си ја зголеми статистиката на 21-12-1 во ММА и е во серија од 3 последователни победи со завршница во првата рунда.

https://www.instagram.com/p/B9IWbjOpWjZ/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО