Му го украле автомобилот на Сергеј Ковалев во САД

Рускиот боксер Сергеј Ковалев, кој живее во Соединетите Американски Држави, изјави дека неговиот мерцедес Г-класа е украден. Сергеј се пожали дека нема многу шанси да му го најдат автомобилот бидејќи му го украле професионалци кои ќе го однесат во Мексико или Уругвај.

„Во последно време има само негативни работи. Што се однесува до колата, можам да бидам сигурен дека нема да ја најдат, бидејќи ГПС-от е искинат и фрлен. Сега целосно разбираме дека професионалците работеле.

Автомобилот ќе оди некаде во Мексико или Уругвај. Се надевам дека осигурителната компанија ќе ми надомести со нешто“, рече Ковалев.

40-годишниот Ковалев има 40 борби, во кои оствари 35 победи (29 со нокаут). Сергеј е поранешен шампион на Светската боксерска асоцијација (ВБА Супер), Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) и Светската боксерска организација (ВБО) во полутешка категорија.

Во последната борба го победи Тервел Пулев во мај 2022 година во Калифорнија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON