МТТФ на 31 јануари ќе одржи национален семинар за лиценцирани судии

Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) на 31 јануари ќе одржи национален семинар за лиценцирани судии (А, Б класа) и судии на кој може да учествуваат членови од сите клубови на федерацијата и љубители на спортот.

Семинарот ќе се одржи во салата на Таеквон-до клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас  V дан, претседател и национален тренер на МТТФ и  Саша Поповски  црн појас V дан почесен претседател и национален селектор на МТТФ.

Семинарот е за лиценцирани тренери  (Б класа) носители на 6 куп-1 куп  (од зелен појас до црвен виши појас) и за лиценцирани тренери  (А класа) и судии носители на црн појас I дан до црн појас V дан.

Семинарот ќе биде поделен на теоретски и практичен дел, при што за тренерите задолжителни се добок и појас, а за судиите судиски дрес код.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО