Следниот викенд ќе се одржи една од најочекуваните борби во перолесна категорија.
Борбата на овие двајца харизматични борци е она што со нетрпение ја очекуваат вистинските обожаватели на ММА. Од една страна го имаме шампионот Александар Волкановски кој има неверојатни 20 победи во низа, од кои дури 9 се регистрирани под капата на УФЦ. Два пати ја одбрани титулата, победувајќи го во реваншот Макс Холовеј со поделена одлука на судиите, а по него Брајан Ортега во најдобрата борба на вечерта. Волкановски, исто така, победи големи имиња во својата кариера како што се поранешниот шампион на УФЦ Хозе Алдо, поранешниот предизвикувач за титулата Чад Мендес, Дарен Елкинс и многу други.
Од друга страна го имаме секогаш интересниот и атрактивен борец Чан-Сунг Јунг, популарен по прекарот „Корејското зомби“. И Чан-Сунг се бореше со најголемите имиња на сцената на боречките вештини на УФЦ, победувајќи ги поранешните шампиони како Ренато Моикано и Френки Едгар, но и загуби од големите борци како Брајан Ортега, Јаир Родригез и Хозе Алдо. Во последните четири борби „Зомби“ има три победи и еден пораз, но важно е да се истакне дека во последната борба победи со доминантен настап, со што докажа дека заслужува да атакува на шампионскиот појас.
Иако и двајцата борци се со исклучителен квалитет, треба да се истакне дека ова не е меч во кој шансите и на двајцата се подеднакви. Подобар и покомплетен борец дефинитивно е Волкановски, кого букмејкерите исто така силно го фаворизираат во однос на неговиот ривал. Одличната најава за оваа борба можете да ја погледнете во видеото на крајот на текстот.
„Зомби“ досега се покажа како тврд орев за секој борец, а ниту во поразите никогаш не бил целосно издоминиран. Да потсетиме дека против Јаир Родригез имаше победа во рацете додека во последната секунда од борбата не доби фатален лакт кој го заспа на лице место.