Зоран Шоров и Леон Манов настапија на „Динко Петров“ во Стара Загора

Двајца млади борачи на БК Балканец настапија на силниот Меѓународен турнир „Динко Петров” во Стара Загора (Бугарија) и се пласираа на петтото и осмото место.

Зоран Шоров роден 2009 година во категорија до 62 кг настапи како најмлад со деца родени 2007 и 2008 г. и во конкуренција од 20 борачи го освои 5-тото место со 2 победи и 2 порази во полуфиналето и за бронзен медал. Леон Манов 34 кг настапи во категорија до 38 кг и го освои 8-тото место.

На турнирот настапија борачи од над десет земји и сите клубови во Бугарија.

„Големо искуство на нашите борачи за идните предизвици“, велат од Балканец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО