БоксПрофесионален

Мозес Итаума објасни зашто следниот противник ќе му биде најтешкиот тест во кариерата

Британскиот борец, 21-годишниот Мозес Итаума, се соочува со најтешкиот предизвик во кариерата на крајот од месецот, кога на настан во Манчестер ќе се бори против Американецот Џермејн Френклин.

Младата ѕвезда во тешка категорија досега ги помина сите тестови со одлични резултати, победувајќи во сите 13 борби, од кои 11 завршија со нокаут во две рунди.

Неговата најголема победа дојде во август минатата година кога со технички нокаут во првата рунда го победи сонародникот и поранешен предизвикувач за светската титула Дилиен Вајт.

Во интервју за списанието „Ринг“ Итаума објасни зошто мисли дека борбата против Френклин ќе биде најтешката во неговата кариера.

„Тоа ќе биде вистински тест за мене. Всушност, мислам дека тоа би можела да биде мојата најтешка борба досега, бидејќи тој сè прави многу добро. Тој е голема непозната личност за мене“, нагласи Мозес Итаума и продолжи:

„Го познавав добро Вајт, имаше многу што можев да искористам против него. Демзи МекКин се бореше 12 рунди со Филип Хрговиќ, но знаев дека не е борец од кого треба да се плашам. Чувствувам дека Френклин е солиден борец, но ќе бидам подготвен за него“.

Британецот има четири борби во 2024 година, а во декември со прекин во првата рунда го победи Демзи МекКин. Австралискиот борец неколку месеци претходно загуби со технички нокаут во 12-тата рунда од Хрговиќ.

Фото: Скриншот (Јутјуб, Френк Ворен’с Квинсбери промоција)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON