Мовсар Евлоев го предизвика Александар Волкановски

Рускиот борец Мовсар Евлоев го предизвика Александар Волкановски.

Минатиот викенд во Мајами на УФЦ 314 Волкановски го победи Диего Лопез и ја врати титулата на УФЦ во перо категорија. Пред борбата Волкановски изјави дека доколку победи има намера да го брани појасот во следната борба против Русинот.

31-годишниот Евлоев има 19 победи и е без пораз. 36-годишниот Волкановски победи во 27 борби и претрпе 4 порази, двапати загуби од Русинот Ислам Махачев. Сега Евлоев се издвојува како претендент и инсистира да добие шанса.

„Честитки за одличниот настап, ти си вистински шампион! Сега да видиме колку вреди твојот збор!“, напиша Евлоев на социјалните мрежи.

Самиот Волкановски на прес-конференцијата изјави дека е подготвен да се бори со Евлоев.

„Има момци кои се уште се непоразени. Сакам да им ја одземам 0 од поразите. Да видиме што ќе каже УФЦ“, рече Волкановски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Movsar Evloev (@movsar_evloev_94)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON