Меѓународна сценаММА

Моралес за борбата со Махачев: 100 проценти сум подготвен

Мајкл Моралес се надева дека тој ќе биде оној што ќе добие повик да се соочи со шампионот во полусредна категорија на УФЦ, Ислам Махачев. Според извршниот директор на УФЦ, Дана Вајт, се очекува Махачев (28-1 ММА, 17-1 УФЦ) да ја направи својата прва одбрана на титулата во август.

Истата ноќ кога Махачев го освои појасот на УФЦ 322, Моралес (19-0 ММА, 7-0 УФЦ) се етаблираше како претендент со нокаутирање на Шон Брејди во првата рунда. Со оглед на тоа што Карлос Пратес треба да се соочи со Џек Дела Мадалена на УФЦ Фајт најт 275, се чини дека трката за титулата се стеснила на Моралес, Иан Мачадо Гари и Камару Усман.

Моралес вели дека е подготвен да го прифати предизвикот во секое време.

„Ја бараме таа борба со него. Веќе ни дадоа изговори да не се бориме, но јас сум подготвен. 100 проценти сум подготвен. Ако ми кажат дека меѓу денес и утре имам борба за титулата, ќе ја прифатам. А ако ми кажат не, ќе го чекам мојот момент. Но, во моментов сум фокусиран на ова, во потрагата по борбата за титулата. Нема да му ги одземам заслугите на мојот противник, бидејќи веќе го сметам за ривал.

Ислам е легендарен борец. Тој си ја заврши работата. Веќе има две титули. Заврши многу добра работа. Но, исто така, морам да дојдам со таа глад за титулата, со желбата да бидам шампион, да бидам првиот еквадорски шампион во УФЦ“, му рече Моралес на Алваро Колменеро.

Моралес не е единствениот што нетрпеливо чека. Мачадо Гари продолжува да го задева Махачев на социјалните мрежи, неодамна објавуви видео од него како чека разочарно до телефонот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON