Монструм од ОНЕ Чемпионшип го предизвика Ентони Џошуа

Ѕвездата на ОНЕ Чемпионшип, Умар Кејн, попознат како „Рoг roг“ е подготвен да се бори со Ентони Џошуа.

Џошуа неодамна остана без противник откако Дилиeн Вајт падна на допинг тест. Борбата требаше да се одржи на 12 август во О2 aрената во Лондон. За жал, мечот беше откажан и сега на Ентони му треба нов противник.

Кејн го даде примерот на Тајсон Фјури кој прифати бокс меч со ММА борецот Френсис Нгану. Умар се понуди како противник на Џошуа, иако излегува од пресметката со Маркус „Бучеча“ Алмеида, која ја доби пред неколку дена.

„Ентони Џошуа, ти треба противник? Работите се средија за Тајсон Фјури, па ајде да се бориме! Победив војна во тешка категорија во Тајланд пред 3 дена.

Јас сум свеж и повторно во теретана! Сенегал против Нигерија“, напиша Кејн на социјалните мрежи.

Кејн има скор од 6-1 во ММА и 4 пати победи со нокаут.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reug Reug (@reugreug)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON