Моника Стефановска го постигна најдобриот женски резултат во Премиер лигата

Моника Стефановска може да жали што добриот финиш во репасажот не го ктуниса со боронзен медал во Карате 1 лигата – Серија А во Салзбург, Австрија, што ќе беше најголем успех во есенскиот циклус во Лигата откако се озваничи фактот дека првите 50 натпреварувачи од 1 јануари ќе настапуваат во ова натпреварување и ќе се борат за олимписка норма.

Стефановска загуби во борбата за бронзениот медал од Србинката Сања Цвркота 0-4, а претходно извојува три победи. Во првото коло во категоријата до 68 килограми беше поразена од Французинката Ализе Агиер.

Петото место на Стефановска е втор најуспешен резултат во Карате 1 лигата во есенскиот дел на македонските каратисти, по она на Берат Јакупи во Лајпциг, а најдобар пласман кај жените.

Тешкашите Марин Несторовски и Жарко Арсовски имаа по две победи на вториот ден во Салзбург, при што Арсовски доби шанса во репасажот и не ја искористи, па така на карајот го задеде седмото место. И каташот Ферри Исиќ забележа две победи.

Во Слазбург настапија 1416 натпреварувачи.

Во претходните две кола во Истанбул и Лајпциг највисок пласман имаше Берат Јакупи – 5 место, а Симона Заборска седма.

Резултати

60 кг – 98
Емил Павлов – Штип – Ихор Ухнич (Украина) 2-0
Емил Павлов – Штип – Данило Греко (Италија) 1-3
Ардит Марку – Уранику – Игор Крстин (Србија) 1-5
Шабан Муртиши – Дрини – Југо Козаки (Јапонија) 0-2

Репасаж
Шабан Муртиши – Дрини – Самуеле Марекезе (Италија) 1-2

67 кг – 177
Димитар Илиевски – Ботони – Сем Деј (Англија) 2-0
Димитар Илиевски – Ботони – Џанлуда Девиво (Италија) 3-1
Димитар Илиевски – Ботони – Хеорхи Макарау (Белорусија) 2-0
Димитар Илиевски – Ботони – Марвин Гарин (Франција) 1-5

Репасаж
Димитар Илиевски – Ботони – Бурак Ујгур (Турција) победа на Ујгур

Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов – Франческо Страно (Италија) 4-0
Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов – Хирото Шинохара (Јапонија) 2-3
Мартин Стојменов – Олимпик спорт – Алексис Респилер (Франција) 5-0
Мартин Стојменов – Олимпик спорт – Уџасислао Шчатко (Белорусија) 0-0
Константин Василевски – Спорт 94 – Ајуб Закарија (Мароко) 2-2
Константин Василевски – Спорт 94 – Дилан ван Моенкрек (Холандија) 0-1

75 кг – 171
Азиз Исмаил – Металург – Мурат Сахин (Швајцарија) 0-1
Ферат Корбулиќи – Металург – Енес Гарибовиќ (Хрватска) 4-1
Ферат Корбулиќи – Металург – Мартин Ердос (Унгарија) 1-1
Ферат Корбулиќи – Металург – Јалал Бузхер (Мароко) 2-0
Ферат Корбулиќи – Металург – Фатих Сен (Турција) 0-0
Петар Заборски – Макпетрол – Андреа Минарди (Италија)
Енес Смаилагиќ – Цветан Димов – Иван Мартинац (Хрватска) 0-1
 Доан Османи – Фати – Кевин Кабаши (Швајцарија) 1-0
Доан Османи – Фати – Иван Лулиќ (Хрватска) 2-0
Доан Османи – Фати – Виктор Ксенжик (Украина) 0-3

-84 кг – 124
Виктор Крстевски – Металург – Лудвиг Ингемансон (Шведска)/Михалаче Маријан (Романија)

+84 кг – 103
Мартин Несторовски – Металург – Ратко Ремовиќ (Австралија) 5-2
Мартин Несторовски – Металург – Хагоба Визуете (Шпанија) 2-0
Мартин Несторовски – Металург – Аблеј Диоп (Франција) 0-1
Жарко Арсовски –Штип – Периклис Канелис (Грција) 9-0
Жарко Арсовски –Штип – Даниел Моланар (Унгарија) 2-0
Жарко Арсовски –Штип – Јонатан Хорне (Германија) 1-2

Репасаж
Жарко Арсовски –Штип – Един Сариќ (БиХ) 1-3

50 кг – 65 натпреварувачи
Сара Радичевска – Макпетрол – Умај Токџан (Турција) 2-0
Сара Радичевска – Макпетрол – Валентина Тасин (Италија) 2-1
Сара Радичевска – Макпетрол – Сирин Лунес (Франција) 4-3
Сара Радичевска – Макпетрол – Александра Рекија (Франција) 0-3

55 кг – 97
Симона Заборска – Макпетрол – Ротем Ефрони (Израел) 1-0
Симона Заборска – Макпетрол – Карла Буркит (Англија) 0-2
Јована Георгиева – Олимпик спорт – Маири Керин (Ирска) 2-0
Јована Георгиева – Олимпик спорт – Викторија Семеникова (Словачка) 0-4

61 кг – 107
Наташа Стефановска – Макпетрол – Наилја Гатулина (Русија) 0-1
Вероника Костовска – Кеикс – Ана-Мари Ваурик (Германија) 5-0
Вероника Костовска – Кеикс – Рејчел Ерли (Ирска)  6-0
Вероника Костовска – Кеикс – Алисон Берна (Луксембург) 0-0

68 кг – 67
Моника Стефановска – Макпетрол – Ализе Агиер (Франција) 0-1

Репасаж
Моника Стефановска – Макпетрол – Алиса ван Вијгерден (Холандија) 0-
Моника Стефановска – Макпетрол – Луана Дебати (Белгија) 2-1
Моника Стефановска – Макпетрол – Емина Бркиќ (БиХ) 4-1

За бронза
Моника Стефановска – Макпетрол – Сања Цвркота (Србија) 0-4

Кати – 169 мажи
Ферри Исиќ – Вардар – Али Хусаин (Боцвана) 3-2
Ферри Исиќ – Вардар – Мансор Морбак (Саудиска Арабија) 3-2
Ферри Исиќ – Вардар – Рикардо Лоси (Италија) 0-5

Големиот борј на учесници е поради наметнатите правила од страна на Светската карате федерација (ВКФ) од 1 јануари 2018 година да го ограничи борјот на учесници во категорите, по 64 натпреварувачи во секоја категорија, односно по еден од држава. Изборот ќе се прави од Ранг листата на ВКФ, при што првите 50 имаат предност. За нашите каратисти е битно тоа што Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на каратистите што се меѓу првите 50 на Ранг листата целосно ќе им ги покрива трошоците за натпреварите и подоготовките.

Од друга страна, од идната година почнуваат квалификациите за Олимписките игри во Токио 2020 година, кога каратето за прв пат ќе дебитира на Олимпијадите. Поради овие причини, Премиер лигата до крајот на годината ќе има максимална посетеност и ќе го надминува квалитетот и на светските првенства. Кој ќе избори подобра позиција, ќе има поголеми шанси за Олимпијадата во Јапонија. Во Окинава (25 и 26 ноември) е последниот турнир на Лигата за оваа година.

Ipon.mk/В.Д. 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON