Чаир и Баргала убедливи во 3.коло, неколку добри борби и дисквалификација (ФОТО)

 

Баргала и Чаир цврсто газат во Првата и Младинската бокс лига на Македонија. Попладнево во Скопје чаирчани имаа билнас 5-1, а штипјани 3-0. Домаќин на денешното коло беше БК Тернипе во салата на Факултетот за физичка култура.

Ова коло го одбележаа неколку квалитетни борби, како и дисквалификацијата на Даниел Абаз од Тренипе, пред се, поради недоразбирање, а имаше и една дискутабилна одлука во борбата меѓу Серген Демиров (Баргала) и Хурмет Јонузи (Шкупи) која зврши 1-2.

Со овие победи Чаир се зацврсти на првото место во Првата лига, а и ја следи Баргала во чекор во Младинската лига.

кадети
-63 кг Ејдин Јашар (Баргала) – Алми Рочи (Чаир) 3-0

Јашар во првата рунда за нијасна имаше попрецизни удари, а во втората Рочи пласираше силен аперкат, нешто подоцна и кроше, но Ејдин цело време ја имаше иницијативата. Во третата рунда гледавме обрсртрано добар бокс.

66 кг Рамон Казимов (Пинк Пантер) – Алпај Демиров (Баргала) 1-2

Во оваа оваа борба немаше дилеми, бидејќи Демиров беше поконкретен и пласираше повеќе и удари.

+80 Серген Демиров (Баргала) – Хурмет Јонузи (Шкупи) 1-2

Борбата меќу Демиров и Јонузи предизвика многу реакции откако победата му беше доделена на штипскиот боксер. Публиката бурно реагираше. Јонузи во првите две рунди беше подобар противник за попрецизните и чисти удари.

јуниори
-60 кг Шпенд Гафури (Чаир) – Христија Тодоровски (Алексо Огненовски) 3-0 (ТКО, Р2)

Немаше дилеми дека Гафури е фаворит, бидејќи доминираше против дебитантот Тодоровски. Така, по серија на удари во втората рунда му броеја на охриѓанецот и борбата беше прекината.

-64 кг Сухејб Имери (Шкупи) – Кире Јаневски (Аперкат) 0-3

Јаневски водеше сигурна борба во сите три рунди, а во третата рунда беше и во нокадаун, кој беше каписла за пофанзивен заврашеток. Двајцата боксери прикажаа добра борба, но ударите на Јаневски беа побројни и чисти.

-69 кг Елмедин Истрефи (Чаир) – Омер Исени (Шкупи) 2-1

Истрефи зададе многу удари кои секогаш завршуваа на вистинското место и бидејќи се стекна со предност во првите две рунди, третата успешно ја приведе до крајот.

-81 кг Стефан Дукоски (Нокаут СЦБТ) – Асрим Етеми (Чаир) 0-3

Етеми демонстрираше чист и технички дотеран бокс, умешно користејќи ја предноста во висина и подолгите раце. Дукоски се обидуваше да наметне борба од блиску, но Асрим со предната левица го држеше подалеку од себе и задваше сигурни директи и аперкати. Воопшто немаше дилема дека тој е победникот.

81 кг Даниел Абаз (Тернипе) – Петар Шипинкоски (Алексо Огненоски) 0-3 (дисквалификација, Р1)

Оваа борба предизвика најмногу контроверзи. Имено, Абаз кој беше предоминантен и беше прашање на веремето кога ќе победи со прекин, затоа што Шипинскоски беше немоќен. Во еден момент имаше преќин на борбата,но судиската одлука не се слушна од страна, Петар се сврте и тргна во аголот, тогаш Даниел се затрча и го удри силно противникот кој падна на подот. По ова Абаз беше дисквалификуван, затоа што официјалната оцена беше дека судијата рекол „стоп“. Дел од домашната публика и боксери протестираа кај супервизорот и го обвинуваа судијата за оваа случка. Самиот Даниел и раководството на Тренипе се потрудија да се расчисти гужвата кај супервизорот.

Од Тернипе тврдат дека немало команда стоп, туку само раздвојување и затоа повикуваат да се прегледа видео снимаката. Судијата на рингот Ристо Огњанов ни изјави дека тој рекол „стоп“ и дека боксерот удрил по неговата команда. Од друга страна, Абаз немаше потреба да реагира и да ја немало командата стоп, пред се од етички аспект, бидејќи противникот му беше свртен со грбот.

сениори
-60 кг Алмир Нуришов (Чаир) – Никола Арсовски (Лав Куманово) 3-0

Нуришов важеше за фаворит и така боксираше. Арсовски се претстави како доста цврст боксер кој го намачи Нуришов. Сепак победата му припадна поради повеќе пласирани удари кои имаа дефинирана цел, иако еднаш му броеја во третата рунда. Но, тоа не беше нокдаун туку лизгање.

-69 кг Даниел Вретовски (Алексо Огеноски) -Артан Алиу (Чаир) 0-3 (ТКО, Р2)

Вретовски не му беше дораснат противник на Алиу кој од првата секунда тргна во жесток напад. Имаше неколку серии со комбинирани удари кои го демолираа Даниел. На паузата меѓу првата и втората рунда тренерот на Вретовски ја предаде борбата.

-81 кг Ице Трајкоски (Ас) – Бојан Ристески (Алексо Огеноски) 0-3 (ТКО, Р2)

Ристески покажа дека не заборавил да боксира по паузата што ја направи и во првата рунда константно напаѓаше и го удираше Ице, при што му броеја еднаш. Во втората рунда стави печат на оваа борба со серија од аперкати и крошеа, по штопрекинот беше неминовен.

Резултати 3.коло Прва и Младинска лига

кадети
-63 кг Ејдин Јашар (Баргала) – Алми Рочи (Чаир) 3-0

66 кг Рамон Казимов (Пинк Пантер) – Алпај Демиров (Баргала) 1-2
+80 Серген Демиров (Баргала) – Хурмет Јонузи (Шкупи) 2-1

јуниори
-60 кг Шпенд Гафури (Чаир) – Христија Тодоровски (Алексо Огеноски) 3-0 (ТКО, Р2)
-64 кг Сухејб Имери (Шкупи) – Кире Јаневски (Аперкат) 0-3
-69 кг Елмедин Истрефи (Чаир) – Омер Исени (Шкупи) 2-1
-81 кг Стефан Дукоски (Нокаут СЦБТ) – Асрим Етеми (Чаир) 0-3
81 кг Даниел Абаз (Тернипе) – Петар Шипинкоски (Алексо Огеноски) 0-3 (дисквалификација, Р1)

сениори
-60 кг Алмир Нуришов (Чаир) – Никола Арсовски (Лав Куманово) 3-0
-69 кг Даниел Вретовски (Алексо Огеноски) -Артан Алиу (Чаир) 0-3 (ТКО, Р2)
-81 кг Ице Трајкоски (Ас) – Бојан Ристески (Алексо Огеноски) 0-3 (ТКО, Р2)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО