Момчето на Русеј: Сега се фокусирам само на мојата кариера (ВИДЕО)

Trevis Braun

Ѕвездата на УФЦ во тешка категорија, Тревис Браун, подготвен е целосно да се концентрира на својата кариера во 2016 година, откако минатата година имаше проблеми со законот. Во јули беше обвинет за семејно насилство, што го предизвика неговото изземање на една од галавечерите на организацијата. На крајот немаше случај, бидејќи немаше доволно докази против него.

Веднаш потоа стана јасно дека Травис Браун е момче на Ронда Русеј. По долго криење двајцата признаа дека си изнајмиле љубовно гнездо.

„Конечно успеав да се концентрирам на мојата кариера. Веќе мислам само на работите што можам да ги контролирам. Останатите работи ќе ги пропуштам“, изјави Браун.

Браун е концентриран на следниот натпревар. Тој ќе се бори со Мет Митроун во недела вечер. Победата повторно ќе му овозможи излез на патеките за напад на титулата на УФЦ. Во моментов Браун е шести во ранглистата. Тој веќе пропушти две шанси да дојде до појасот, откако беше поразен од Фабрицио Вердум и Андреј Арловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО