АктуелноБоксПрофесионален

Молина: Вајлдер е толку силен што со удар би можел да нокаутира дури и бик!

Шампионот во тешка категорија Дионтеј Вајлдер важи за еден од најсилните борци во светот на боксот, а за тоа сведочат нокаутите, 41 од 43 противници.

Боксерите ширум светот зборуваа за моќта на ударот на Вајлдер, а Ерик Молина можеби најдобро го опиша ударот на Американецот.

„Вајлдер е најсилниот боксер во историјата на тешка категорија. Тој има најсилен удар и дефинитивно би можел да нокаутира дури и бик ако го погоди во глава. Ако ви допре било кој дел од главата, тогаш ќе ве испрати на спиење“, вели Ерик Молина.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON