МОК ТВ која работи во рамките на Македонскиот олимписки комитет го објави видеото од вториот камп за пионери и кадети на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) со која беа опфатени 40-тина борачи од сите клубови во Македонија, при што го посетија претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и Владимир Богоевски, директор на МОК.
Кампот беше поддржан од МОК, а на посочената посета претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и тренерите Седат Бафтиу, Виктор Богданов, Суфијан Исмаили, Давор Тасев, Гордан Николов, Лулзим Вренези и Страшо Глигоров ги запознаа гостите со работата и целите на вториот собир на младите борачи за кратко време. Тупурковски и Богоевски истакнаа дека го подржуваат борењето во напорите да застане на здрави нозе и дека сметаат на борачите за Младинските олимписки игри во 2018 година во Аргентина.
Репортажата може да ја погледнете подолу.
.
Ipon.mk/В.Д.