Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) издаде упатства во кои се прецизира какви видови на протести на спортисти нема да им бидат дозволени на Олимписките игри во Токио оваа година. Меѓу најзначајните е тоа што на спортистите нема да им биде дозволено клекнување на Олимпијадата, не смеат да прават гестови со политичко значење, како и непочитување на церемонијалното доделување на медали.

Според правилото 50 од Олимписката повелба, на спортистите им е забрането да изразуваат политички пароли на теренот, како што беа кренатите тупаници на американските спринтери Томи Смит и Џон Карлос на Олимписките игри во 1968 година во Мексико.
Олимпијците сега знаат повеќе од тогаш какви потези на „поделба и нарушување“ можат да доведат до дисциплинска постапка во Токио. Тие сè уште можат да изразат политичко мислење, но само во официјални прилики во медиумите или на социјалните мрежи, но не и на теренот.
- Ни требаше јасна слика за сето тоа, јасни правила, изјави Кирсти Ковентри, претседателка на Комисијата за спортисти на МОК, која го надгледуваше развојот на новиот документ со три страници.
- Повеќето спортисти сметаат дека е многу важно што ние како спортисти се почитуваме едни со други, објасни Ковентри, која освои златен олимписки медал во пливање, а сега е министер за спорт на Зимбабве.
Спортистите кои ги прекршат правилата за време на Игрите во Токио од 24 јули до 9 август ќе се соочат со три круга дисциплински мерки: ИОК, спортското раководно тело и Олимпискиот комитет на нивната земја.
Новите правила се донесени откако Олимпискиот комитет на САД укорил двајца американски спортисти за протест на подиумот кога било доделувањето на медали на Панамериканските игри минатиот август, во Лима, Перу. Мечувалецот Рис Имбодин, клекна на подиумот, а фрлачот на кладиво Гвен Бери ја крена тупаницата во знак на протест. И двајцата се на условна казна од 12 месеци, па поради тоа нема да бидат дел од Олимпијадата во Токио.
Во 2019 година пливачите од Австралија и Велика Британија протестираа, откако одбија да се качат на победничкиот подиум заедно со златниот медалист на Светското првенство, Сун Јанг, бидејќи кинеската ѕвезда беше вмешана во допинг скандал.
Еден политички гест имаше и на Олимпијадата во Рио 2016 година, кој помина неказнет во машкиот маратон. Сребрениот медалист Феис Лилс ги вкрсти зглобовите на рацете во финишот од трката, како да му се врзани рацете, со што симболично ги поддржа демонстрантите кои бараа слобода во родната Етиопија.
Според правилото 50 од Олимписката повелба, на спортистите им е забрането да изразуваат политички пароли на теренот, како што беа кренатите тупаници на американските спринтери Томи Смит и Џон Карлос на Олимписките игри во 1968 година во Мексико.
Олимпијците сега знаат повеќе од тогаш какви потези на „поделба и нарушување“ можат да доведат до дисциплинска постапка во Токио. Тие сè уште можат да изразат политичко мислење, но само во официјални прилики во медиумите или на социјалните мрежи, но не и на теренот.
-Ни требаше јасна слика за сето тоа, јасни правила, изјави Кирсти Ковентри, претседателка на Комисијата за спортисти на МОК, која го надгледуваше развојот на новиот документ со три страници.
-Повеќето спортисти сметаат дека е многу важно што ние како спортисти се почитуваме едни со други, објасни Ковентри, која освои златен олимписки медал во пливање, а сега е министер за спорт на Зимбабве.