Арум: Пакијао е, а не Мејведер, најдобриот борец во последната деценија

Мани Пакијао влезе во четвртата декада во која е светски шампион.

Светскиот шампион во осум тежеински категории во моментов ја држи ВБА „супер“ титулата во велтер. Професионалец стана во 1995 година на 16-годишна возраст и го освои првиот светски шампионски појас во 1998 година во мува категорија.

Неговиот поранешен промотор Боб Арум смета дека тоа е една од причините што Пак-Ман, а не Флојд Мејведер, е најдобриот боксер во изминатата деценија.

41-годишниот Филипинец имаше одлична 2019 година во која во јануари го победи Адриен Бронер, а потоа во јули му го однесе ВБА-појасот на непоразениот Кит Турман.

Боксери кои се споменуваат како најдобри во последната деценија покрај Пакијао и Мејведер се Канело и Андре Вард.

Мејведер ги победи и Пакијао и Канело и патем заработи многу повеќе од обајцата.

Но, Американецот се пензионираше во 2015 година и се врати во летото 2017 година само за да се бори против УФЦ борецот Конор Мек Грегор. Се повлече по победата, но неодамна најави дека оваа гоиднја пак ќе го видиме во рингот.

„Борец на деценијата? Јас би рекол Мани Пакијао заради она што го направи во текот на целата деценија. Редовно се бореше со сите тие силни противници. Тој беше што носеше боксот кога се пензионираше Мејведер или не се бореше. Мислам дека никој ниту блиску не може да се спореди со Мани по прашањето за најдобриот борец во минатата деценија“, изјави Арум за„ Манила тајмс“.

„Мани Пакијао сè уште се бори. Било да се бори за Топ Ранг или некоја друга промоција, Мани Пакијао сè уште е во рингот. Тој очигледно е најдобриот борец во последната деценија. Мани Пакијао е еден од најголемите и ќе биде запаметен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО