MOK избра нов Управен одбор

Вчера во Олимпискиот центар „Јане Сандански“ Македонскиот олимписки комитет одржа конститутивна седница на која беше потврден новиот состав на Управниот одбор.

Беа избрани и тројца потпретседатели на УО и тоа Димитар Костадинов, Цветанка Макаровска и Дејан Митровски. На дневниот ред беше финансискиот извештај и завршната сметка за 2023 година кој беше усвоен едногласно.

Се разговараше и за следните ОИ Париз 2024, како и за организацијата на Европските младински олимписки игри кои ќе се оддржат следната година токму во Скопје.

На крајот на седницата, претседателот Димевски ги повика спортските работници од целата држава да се приклучат на Олимпискиот ден кој оваа година ќе се одржи на 6. април и повика на дружење. Настанот ќе се оддржи во спортскиот комплекс „Јане Сандански“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON