За половина час во хотелот Александар палас ќе се одржи изборно Собрание на Македонскиот олимписки комитет (МОК). На актуелниот претседател на МОК, Васил Тупурковски, против кандидат му е најдобриот македонски кајакар Атанас Николовски.
По 24 години, Македонскиот олимписки комитет би можел да добие нов претседател.
Она што е добро познато е дека Тупурковски на претседателската функција е 24 години, односно од формирањето на Македонскиот олимписки комитет.
Ipon.mk/В.Д.