Македонија ја обезбеди првата олимписка норма за Олимписките игри во Токио следната година откако Магомедгаџи Нуров освои брозен медал на Светското првенство во борење. За норма ни требаа 12 години.
Македонскиот олимписки комитет на интересен начин одлучи да му даде уште поголемо значење на овој спортски резултат. Закупи билборди низ главниот град преку кои го промовира првиот патник на ЛОИ во Токио 2020.