Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) ги демантира наводите на селекторот на репрезентацијата во борење Бобан Данов дека никој не обезбедил пари за борачите кои се на подготовки во Баку, Азербејџан, и каде што треба да учествуваат на првиот квалификациски турнир за Олимписките игри во Париз од 5 до 7 април.
Во прилог МОК ја испрати фактурата за настапот и SWIFT вирман со кој се потврдува дека истата е платена од страна на Олимписки Комитет на Северна Македонија.
На Азербејџанската федерација се уплатени 4.000 долари
Освен тоа, МОК испрати и налози од извршени уплати кон Владимир Егоров и Магомедгаџи Нуров за олимписка стипендија Париз 2024.
Да потсетиме, вчера селекторот Бобан Данов рече дека борачите треба сами да си платат за да учествуваат на квалификациите.
„Никој не обезбеди пари, ниту Федерацијата, ниту МОК, ниту Агенцијата за млади и спорт. Јас сум разочаран од институциите во време кога се бориме за олимписка норма“, вели Данов.
А на подготовки во Баку се Вероника Рјабоволова (53 кг), Владимир Егоров (57 кг), Расул Шапиев (74 кг), Ахмат Магомедов (86 кг) и Могамедгаџи Нуров (97 кг).
Во Баку ќе се обезбедат 36 квоти за Олимписките игри во Париз 2024 година, а вкупно 301 борач се пријавени за турнирот, при што грчко-римскиот стил има најмногу пријавени, 114. Многу земји допрва треба да ги освојат своите места за Париз 2024 година.
Само финалистите ќе заработат париска квота без закажани мечеви за финале или бронзен медал.
SWIFT AZERBAIJAN WRESTLING USD 4000,00 20240403155234 AzerbaijanWrestlingInvoice
Од приложеното се гледа дека уплатата е направена вчера во 15.39, а реакцијата на Данов беше порано објавена.