МОК: Џудистката Катерина Николовска на двомесечен камп во Будимпешта и ќе чека покана за Олимпијдата во Рио

Katerina Nikoloska vo Baku

Македонскиот олимписки комитет за џудистката Kaтерина Николоска обезбеди двомесечни подготовки во кампот на Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) во Будимпешта – Унгарија.

Николоска веќе е во Будимпешта каде што ќе биде до 10 јуни, а потоа ќе замине во Словенија, за да учествува на Европскиот џудо куп во Целје. По ова, Катерина уште еден месец ќе се подготвува во кампот на ИЏФ во Пореч –Хрватска, надевајќи се дека ќе добие покана за учество на ОИ Рио 2016, бидејќи на критериумските турнири не обезбеди норма.

Конечното рангирање на Интернационалната џудо фдерација (ИЏФ) е на 30 мај, кога ќе бидат одредени привилегираните 22, односно 14 џудисти (само по еден од една земја). МОК аплицираше до Трипартитната комисија за Николоска да добие покана за „Рио 2016“, а одговорот треба да го добие до 10 јуни годинава. Постои и дополнителна можност во случај на откази, повреди или откриени допинг-случаи што би „ослободиле“ место на џудо-турнирот од Игрите во Бразил летово (5 до 21 август).

Николоска е стипендист на МОК.

Ipon.mk/В. Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО