МОК бара начин да ги врати Русите и Белорусите на натпреварувањата

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) бара начин да ги вклучи руските и белоруските спортисти во меѓународните натпревари.

Желбата е тие да се појават на Олимписките игри во Париз во 2024 година, додека санкциите против двете земји се уште остануваат на сила.

Претседателот на МОК, Томас Бах, на прес-конференција рече дека на оваа тема нашироко се разговарало за време на тридневниот состанок на Извршниот комитет.

Откако на 24 февруари годинава почна руската офанзива против Украина, која ја поддржа Белорусија, МОК ги казни тие две земји и им препорача на меѓународните федерации да го забранат настапот на руските спортисти или да го дозволат тоа, но без да ги истакнуваат националните симболи.

-Мораме да најдеме начини да ја надминеме оваа ситуација и да останеме верни на нашата мисија. Санкциите ќе останат на сила, но мораме да го заштитиме интегритетот на меѓународните натпревари. Ова е ситуација што мораме да ја надминеме. правдата за сите мора да важи, додаде претседателот на МОК.

Бах го цитираше и претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Чаба Короси, кој минатата недела рече дека „повеќе ветувања има кога нациите се натпреваруваат на спортски терен отколку кога се на бојното поле“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON