Големо признание за македонското таеквондо – „Скопје опен“ прераснува во Г1 турнир, доаѓа светската елита

Македонското олимписко таеквондо оди уште еден значителен чекор напред, Mеѓународниот турнир „Скопје опен“ од 2023 година прераснува во Г1 турнир кој носи бодови за освојување олимписка норма за игрите во Париз.

Светскиот таеквондо календар покажува дека 8 и 9 април 2023 година во Скопје ќе присуствува елитата на таеквондо спортот во светот, која ќе освојува бодови за олимписките игри во Париз.

За прв пат македонската спортска јавност ќе може во живо да ужива во борбите на олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски, европскиот медалист Филип Додевски и останатите успешни македонски таеквондисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО