Легендата на ММА Стефан Бонар почина на 45 години!
Членот на Куќата на славните на УФЦ починал поради сомневање за срцеви компликации на работното место. Ова се случи веќе во четвртокот, но дури сега УФЦ официјално ја сподели веста.
„Стефан Бонар беше еден од најважните борци кои некогаш се натпреварувале во УФЦ. Неговата борба со Форест Грифин го промени спортот засекогаш и тој никогаш нема да биде заборавен.
Навивачите го сакаа, се поврзуваа со него и секогаш им даваше се од себе. Ќе неодстасува“, изјави Дана Вајт.
Бонар се натпреваруваше во полутешка категорија во поголемиот дел од својата кариера. Во ММА забележа 15 победи и 9 порази. Во 2005 година се бореше со Форест Грифин во финалето на ТУФ сезона 1. Нивната борба отиде до одлука во корист на Грифин.
Мечоот подоцна беше прогласен за борба на годината, а двајцата добија место во Куќата на славните на УФЦ. Последната година не му беше лесна. Стефан покрена скандал во болница во 2021 година затоа што не сакаа да го лекуваат поради фрактура на ‘рбетот заработен на професионален натпревар во борење.
Во април годинава неговата куќа била уништена од пожар. Стефан се повлече од ММА во 2014 година по серијата од 2 порази. Во неговата последна борба, тој загуби од Чак Лидел со поделена одлука во Калифорнија.
The UFC family is saddened by the passing of UFC Hall of Famer Stephan Bonnar. We send our sincerest condolences to his family and friends.
— UFC (@ufc) December 24, 2022