ММА легенда: Нужно е Џон Џонс да освои титула во тешка категорија за да биде најголем (ВИДЕО)

Легендарниот поранешен двократен шампион Ренди Котур го советува Џон Џонс што да направи за да биде најголем. Во последните неколку дена „Коски“ се обидуваат да ги убеди навивачите дека тој е најголемиот, а не Хабиб Нурмагомедов.

Котур (57), поранешен шампион во тешка и во полутешка категорија и член на Куќата на славните на УФЦ, смета дека Џонс треба да оди во тешка категорија и да се обиде да ја освои титулата.

Само на овој начин Џон би ги избришал сите сомнежи и би им ги затворил устите на критичарите. Котур забележа 19 победи и 11 порази во ММА. Тој е најстариот борец што освоил титула во УФЦ со 43 години и 255 дена. Ренди е и најстариот борец кој победил во борба во УФЦ со 47 години и 68 дена. Ренди е легенда во целосна смисла на зборот, а еве што го советуваше Џонс во интервју за ТМЗ:

„Мислам дека Џон Џонс е таму. Мислам дека мора да се искачи во тешка категорија и да ја освои титулата, за да се потврди како број еден во светот и најголем во историјата. На тој начин ќе ги избрише сите сомнежи и аргументи. Ќе биде двоен шампион. Џонс е доминантен во полутешка категорија многу години. Мислам дека тоа е она што мора да го стори. Така ќе го зацементира своето наследство во спортот. Ќе покаже колку е техничар и посебен борец”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON