ММА борец се врати по 20 години, за да загуби за 12 секунди (ВИДЕО)

Пред неколку дена, ММА организацијата Фајт најтс глобал го организираше настанот ММА фестивал во Ростов, Русија. Гала вечерта беше во чест на 75-годишнината од победата во Големата патриотска војна. Во битката на главната карта се сретнаа ветераните Јури Киселов и Тимур Магдиев. Битката меѓу 44-годишниот Киселов и 52-годишниот Магдиев беше во тешка категорија.

Интересен факт дека ова беше прва борба во ММА за Тимур по 20 години. Мечот траеше само 12 секунди, што беше доволно Киселов да пласира силен директ во брадата на неговиот противник и брутално да го нокаутира.

Така, враќањето на Магдиев во ММА заврши лошо и влезе во серија од два последователни порази, а неговата статистика е 1-2 во ММА. Киселов им се врати на победите и скор е 7-5 во кафезот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО