Девојката веднаш реагираше по ударот од борецот, а набрзо раководството на „ММА ХФЦ“ реши да го суспендира Хеибати на неопределен период.
„Тоа што се случи е против сите стандарди. Никој нема право да удира вработени и партнери“, соопштија од организацијата.
Ali Heibati kicked a ring girl before his fight at last night's HFC MMA event. pic.twitter.com/X9aFXvGpIl
— Matysek (@Matysek88) April 20, 2024
По кратка дискусија, на Иранецот му беше дозволено да се бори, запиша пораз, а потоа организацијата објави дека добил забрана за понатамошно натпреварување под нејзино покровителство.
„Имајќи ја предвид сериозноста на прекршокот, како и видео снимките и доказите што ги прегледа здружението, беше одлучено трајно да се суспендира Али Хеибати од организацијата Hardcore Fighting Championship. Да се почитуваме“, соопшти руската организација во соопштението.
Хеибати ѝ се извини на девојката што ја удри, но веќе беше залудно.