ММА борец по име Кристијан Лубенга почина два дена по неговата деби борба.
Лубенга учествуваше во борбата во рамките на борбената лига AMMO организирана по повод одбележувањето на Денот на Свети Патрик, кога ги „вкрсти“ тупаниџите со исто така дебитантот Коди Мекрекен.
По борбата што ја загуби во третата рунда, Лубенга со технички нокаут беше префрлен во болница, каде што починал.
-Вака изгледа кошмар… Кристијан не беше само еден од учениците. Тој беше тип на човек кој внесуваше светлина и живот во секоја соба во која влегуваше. Тој беше наше семејство. Се смеевме, делевме приказни, крв, пот. Поминавме илјадници часови заедно правејќи ги работите што ги сакаме. Кристијан беше вистински воин. Те сакаме“, се вели во соопштението на клубот „Црни волци“, за кој настапувал.
Причините за смртта се уште не се познати.