ММА ветеранот Мајк Свик ги откри изненадувачките резултати од неговата неверојатна трансформација на телото откако го победи ракот.
Во јануари 2022 година поранешниот кандидат за ВЕЦ шампионатот откри дека боледува од лимфобластичен лимфом од стадиум 4. Тоа е болест која започнува во крвните клетки и се шири на други органи.
За време на неговата борба против оваа смртоносна болест Свик претрпе значајна физичка трансформација. Намали неколку килограми и стигна до 68 кг. Овој поранешен натпреварувач во средна и полусредна категорија моментално тежи 93 килограми и изгледа неверојатно.
Пред скоро 2 години Свик е слаб пациент на хемотерапија, а денес изгледа подобро од сегашните ММА борци. Откривањето на трансформацијата на Мајк предизвика излив на поддршка и восхит од ММА заедницата.
Свик има 44 години и има скор од 15-6 во ММА. Во 2009 година стигна до елиминациски меч за титулата на УФЦ во полусредна категорија. Мајк загуби од Ден Харди и на тој начин не можеше да добие шанса за појасот.
Еве како изгледа денес:
View this post on Instagram