ММА борците застанаа лице в лице на врвот на облакодер

Рускиот натпреварувач во мешани боречки вештини Александар Шлеменко се соочи со Србинот Александар Илиќ.

Неколку дена пред почетокот на турнирот РЦЦ 12 борците се искачија на покривот на еден од облакодерите во Екатеринбург и одржаа тренинг. Покрај Шлеменко и Илиќ, на висина од 200 метри се искачија и другите учесници на турнирот за да се соочат еден со друг.

РЦЦ 12 ќе се одржи на 26 август во Екатеринбург во арената Уралет, која може да прими 5.000 гледачи. Настанот ќе започне во 18:30 часот по московско време. Борбата меѓу Шлеменко и Илиќ во средна категорија и ќе биде главна борба на турнирот.

Александар Шлеменко оствари 61 борба во ММА и на нив претрпе 13 порази. Александар Илиќ, пак, има 13 победи и 5 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON