
Младите борачи на Шкупи се закитија со три медали – два златни и еден бронзен на меѓународниот турнир во Крајова, Романија.
Јусуф Заими (У-11) и Абдулазиз Азизизи (У-15) освоија златни медали, убедливо победувајќи во сите борби.
Мирах Мустафа (У-17) покажал карактер и борбен дух во секој меч, но на крајот морал да се задоволи со бронзениот медал.
А Суфијан Синани од Лирија освои златен медал.



