Претседателот ма ЕУБЦ, Франко Фалцинели, ги покани членовите на Регионалната бокс лига во Асиси, Италија. Тема на разговор ќе биде развојот на боксот во регионот и зајакнување на односите со ЕУБЦ.
По состанокот со Фалцинели челновите на РБЛ ќе бидат гости на Виторио Лаи, претседател на Италијанската боксерска федерација, каде што ќе се договараат последните детали за мечот меѓу репрезентација на Италија и Регионалниот бокс тим во Подгорица на крајот на оваа година со директен пренос на ТВ Арена спорт.
Во делегацијата на РБЛ се:
Слободан Петровиќ, почесен претседател на РБЛ; Боно Бошњак, претседател на Хрватската боксерска федерација и член на ИТ ЕУБЦ, Лазар Авакумовиќ, претседател на Босна и Херцеговина боксерската федерација; Блашо Шараниновиќ, претседател на Црногорската боксерска федерација, Саша Пучко, претседател на Словенечката боксерска федерација; Илија Младеновски, член на УО на Боксерска федерација на Македонија; Мујо Бајровиќ, претставник на српскиот бокс; Марко Маровиќ, генералниот секретар на ХБС и АИБА супервизор; Славиша Чуровиќ директор на РБЛ и Јурица Рунтиќ, претседател на РБЛ.
Ipon.mk/В.Д.