АктуелноБоксДомашна сцена

Младеновски: Јавни спаринзи наместо лига натпревари!

Pink panter deca

„По неколку месечната заспаност на Боксерската федерација на Македонија(БФМ), изминатиов викенд неколку клубови на своја иницијатива, добра волја и соработка се собравме и заеднички изработивме тренинзи и спаринг мчеви, се со цел да се освежи ентузијазмот и да се поттикне мотивацијата, која полека ја губат младите и надежни таленти на благородната вештина“, – вели во своето излагање Илија Младеновски од БК Пин Пантер од Штип за моментната состојба во македонскиот бокс.

Pink Panter ekipa

Тој им се заблагодарува на боксерските клубови Медитеран и Аперкат од Скопје и на Шкендија од Тетово, истакнувајќи дека по откажувањето на БК Охрид и на Боксерската лига годинава, поради немање спонзор, покрај моменталната ситуација во боксот во Македонија не ја губат надежта и неуморно работат.

pink cetvorka

„Направивме интерен договор, барем, секој втор викенд да организираме „ЈАВНИ СПАРИНЗИ“, кои се еден вид на пријателски мечеви, се со цел да покажеме дека се уште во Македонија има боксерски работници и вљубеници во благородната вештина, наспроти лажната слика која ја наметнува БФМ, поради немоќта да одржи организација на лига, првенства, турнири и ревијални натпревари и своите лични интереси на одредени структури во редовите на истата“, нагласува Малденовски во своето обраќање преку ФБ.

ipon.mk/В.Д.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON