Митровски е задоволен од мудрите и тактички борби на Димитар и Климент на СП во Анталија (ФОТО)

Селекторот Дејан Митровски – Урко ги анализираше борбите на репрезентативците Димитар Ѓоргиев и Климент Гроздановски кои извојуваа победи на Светското сениорско првенство во Анталија,Турција, во дисциплината кик лајт и се пласираа во полуфиналето, со што обезбедија најмалку бронзи.

Димитар во полуфиналето ќе се бори со Един Вуцељ од Босна и Херцеговина, а Климент со Пјотор Випчал од Полска.

„Ѓоргиев на почетокот водеше, па доби минус поени и изгуби водство при крај на првата  рунда. Во втората рунда смирено, тактички собра поени и направи водство се додека пак не му одзедоа минус поени за наводно јаки удари. На крај, во трета повторно направи водство и победи со 3-0“, изјави Митровски и додаде:

„Италјанецот борбата со нашиот Климент ја почна малку поагресивно, но сето тоа судиите го толерираа. Потоа Климент го прифати неговиот стил на борба и почна да работи со ист ритам. Поради тоа Италјанецот стана многу поагресивен и доби вербална јавна опомена и си продолжи по свое. Во првата рунда италјанецот беше во предност. Со истото темпо италјанецот продолжи во втората рунда, по што Климент ја промени тактиката и тргна агресивно, притоа италијанскиот кикбоксер продолжи со агресивноста и доби минус поен. Во третата рунда Климент го наби темпото и го презеде водство. Во последните 15 секунди прејде во водство кое го одржа до крај и победи“.

„Задоволен од борбите на првиот ден, утре продолжуваме“, вели селекторот Митровски.

Резултати
-84 кг
Димитар Ѓоргиев – Емануел Смолек (Унгарија) 3-0

Димитар Ѓоргиев – Михаел Голоб (Австрија) 3-0

Димитар Ѓоргиев – Един Вуцељ (БиХ)

-89 кг

Климент Гроздановски – Али Багирзада (Азербејџан) 3-0

Климент Гроздановски – Ањело Јаноне(Италија) 2-1

Климент Гроздановски Пјотор Випчал (Полска)

+94 кг

Стефан Михајловски – Марко Кавидеручи (Италија) 1-2

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО