Енди Руиз пристигна во Саудиска Арабија: Подготвен сум повторно да испишам историја (ВИДЕО)

Енди Руиз влезе во борба за титулата Светски шампион во тешка категорија во јуни како замена за Џарел Милер и излезе од рингот на Медисон сквер гарден како шампион.

30-годишниот „Разурнувач“ со технички нокаут го порази Ентони Џошуа во седмата рунда со што стана првиот мексикански шампион во тешка категорија во светот.

Руиз пристигна во Диријах во вторникот, неколку дена по Џошуа, каде што ќе се одржи реваншот на 7 декември, а Мексиканецот ги брани појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО против поранешниот шампион.

Борбата ќе се одржи на специјално изграден стадион за 15.000 гледачи, а боксерите ќе добијат и сала за тренинг, направена токму за нив.

„Прв пат сум во Саудиска Арабија и се чувствувам добро. Знаете дека во Њујорк испишав историја и подготвен сум да ја испишам историјата и во Саудиска Арабија “, рече Руиз по пристигнувањето.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=e1Wapkt3_0k&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО