Мите Ашкилов го освои бронзениот медал на Европското првенство во мај тај na IFMA во Сплит-Хрватска во категоријата до 86 килограми.
„Се борев во категоријата – 86 кг која, сепак, не е моја категорија. Го освоив третото место по поразот во полуфиналето од Германецот кој е вицешампион од Светското првенство во Шведска. Лично, од борбата не сум задоволен, бидејки бев настинат од климатските промени и не можев да дадам сто отсто од себе. Сепак, оваа е едно големо искуство за понатамошните натпревари што ме очекуваат“, вели носителот на борнзениот медал Мите Ашкилов.
На првенството учествуваa околу 400 натпреварувачи од 30 земји.
Од лични причини во аголот на нашиот репрезентативец не беше неговиот тренер Ристе Ристов, па поддршката ја доби од македонскиот интернационален судија и претседател на Македонската мај тај федерација Иван Тошиќ и тренерот на мај тај репрезентацијата на Словенија, Изток Воркапиќ.
Ipon.mk/В.Д.