Мишел Переира го нокаутира Андре Петроски за 66 секунди (ВИДЕО)

Мишел Переира имаше силно деби во УФЦ во средна категорија.

Бразилскиот борец се соочи со Андре Петроски во борба од главна карта на УФЦ Вегас 81. Переира влезе во борбата како фаворит и ги оправда очекувањата на обложувалниците.

Мишел започна со силен удар во телото. Работите останаа мирни некое време, Переира финтира, а Петроски полека напредува. Сепак, се се промени кога Переира го погоди со десен директ Петроски и го испрати на подот.

Мишел влезе со удари и го принуди судијата да ја прекине борбата. Така, победи за 66 секунди. Тоа беше 6-та последователна победа за Бразилецот. Петроски се раздели со 5 последователни победи.

Резултати УФЦ Вегас 81

Главна карта
Едсон Барбоза – Содик Јусуф со одлука (49–46, 48–46, 48–46)
Вивиен Араухо – Џенифер Маја со одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Џонатан Мартинез – Адријан Јанез со ТКО Р2, 2:26
Мишел Переира – Андре Петроски со ТКО Р1, 1:06
Кристијан Родригез – Камерон Саиман со одлука (30-27, 30-27, 29-28)

Воведни
Дарен Елкинс – Т.Џ. Браун со завршница Р3, 2:23
Таинара Лисабоа – Равена Оливеира со одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Теренс Мекини – Брендон Марот со ТКО 1, 0:20
Мелиса Диксон – Ирина Алексеева со одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Крис Гутиерез – Алатенгеили со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Емили Дукот – Ешли Јодер со одлука (30-27, 29-28, 29-28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON