Миша Тејт: Целта ми е златото, а не Ронда Русеј!

miesha-tate-tuf-17

За време на прес-конференцијата по УФЦ он ФОКС во Чикаго, Дана Вајт најави дека Миша Тејт е следната предизвикувачка за титулата во бантам категорија во женска конкуренција. Ова може да значи и трет дуел со Ронда Русеј, но тоа не е целта на Тејт.

 „Ако успеам да забележам победа над Русеј, тоа ќе биде големо достигнување. Но, за мене најголема цел е да станам шампионка. Сакам пред да ја завршам кариерата, да ја освојам титулата во УФЦ. За мене не е важно кај кого е сега таа. Тоа е мојата најголема цел“.

 На Русеј и претстои одбрана на титулата против Бразилката Бет Кореија. Ако шампионката успешно се справи со оваа задача, најверојатно ќе ја видиме по трети пат против Tate. Дали исходот од овој дуел, сепак, ќе биде поинаков од претходните два?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON