Миша Тејт изгуби од Кетлин Виеира, Брејди подобар од Киеза

Миша Тејт (19-8) се врати во јули по речиси петгодишна пауза, а сега американскaтa воинка беше пред нов предизвик.

Поранешната шампионка во бантам категорија загуби во главниот меч на УФЦ Фајт најт 198 во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите против Бразилката Кетлин Виеира (12-2).

„Беше многу изедначена борба и знаев дека бодовно сме многу блиску. Дадов се од себе и задоволна сум од мојот настап. Но, противничката покажа дека овојпат е подобра, беше одлична“, изјави Миша Тејт.

Миша Тејт се повлече од ММА натпреварувањето по поразот од Ракел Пенингтон на УФЦ 205 во ноември 2016 година и се врати во октагонот по речиси пет години.

Во јули ја победи Марион Рено со технички нокаут и беше наградена за нејзините напори со бонус од 50.000 долари за најдобра изведба.

И покрај поразот 35-годишната Миша и овојпат уживаше во борбата.

„Уживам во секој момент. Тоа е можност за мене да растам и напредувам. Имав одличен противник и тоа беше голема борба. Сега си одам дома, сакам да ги бакнам моите деца. Животот е добар и одличен“, изјави одлично расположената Миша Тејт.

Во борбата за титулата Шон Брејди со едногласна одлука на судиите го победи Мајкл Киеза, а во единствената борба на вечерта во која беше забележан прекинот, Таила Сантос во првата рунда со задушување ја совлада Џоан Вуд.

Главна програма, УФЦ Фајт најт 198:
Кетлин Виеира – Миеша Тејт – едногласна одлука (48-47, 48-47, 49-46)
Шон Брејди – Мајкл Киеза – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Таила Сантос – Џоан Вуд – завршница (давење од позади), Р1 (4:49)
Рани Јахја – Кјунг Хо Канг – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Адријан Јанез – Дејви Грант – поделена одлука (27–30, 29–28, 29–28)

Воведни борби:
Пат Сабатини – Такер Луц – едногласна одлука (30-26, 30-27, 30-27)
Рафа Гарсија – Нејтан Леви – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Лупита Годинез – Лома Лукбунми – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Коди Дурден – Чиленг Аори – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Шајлан Нуерданбике – Шон Соријано – едногласна од. (29–28, 29–28, 29–28)
Луана Пинеиро – Сем Хјуз – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО