Мирко „Кро Kап“ Филиповиќ денес наполни 46 години, а неговата последна борба беше во февруари 2019 година.
На овој начин, во чест на еден од најголемите борци на сите времиња, и секако најголемиот и најуспешниот борец во регионот, токму преку видео прилог ќе се потсетиме на последната борба. Тоа се случи во Анкасвил, во кафезот на Белатор и на тој начин Мирко му се реваншира за поразот на Рој Нелсон што го претрпе во УФЦ.
На 16 февруари сè беше на страната на хрватскиот борец кој подготви одлична тактика на која „Биг кантри/ Големата земја“ немаше одговор. Успешно погаѓаше од даистанца и подеднакво успешно реагираше на клинч и обидите на Нелсон да го сруши. Иако во тоа време имаше 44 години, Филиповиќ изгледаше многу поподготвено отколку за нивниот прв меч во 2011 година, на кој Нелсон славеше со прекин во третата рунда. Се подготви апсолутно за секоја опасност што Американецот може да си ја дозволи и дојде до десетата победа по ред.
Подолу е прегледот на најдобрите моменти од оваа борба, која на крајот се покажа како последна во кариерата на Кро Кап, иако имаше многу интересни планови со Белатор. За жал, на 1 март, само 13 дена по оваа борба, Кро Кап доживеа мозочен удар по што ја заврши кариерата. За среќа, од него целосно се опорави и денес, како здрав човек, може да го прослави 46-тиот роденден со семејството. Нека му е среќен!