Мирко Филиповиќ: Не е начин да се опростам со спортска неправда и непроценливо е повторно да ја дожиевам онаа навала на адреналин

Mirko-Filipović so pojas preku ramo

Мирко Филиповиќ се огласи преку својата Фејсбук страница по повод потписот со Ризин и настапот на Гранд при во отворената категорија.

„Еве сега и официјално, ќе настапам на „Rizin Openweight Гранд Prixu“ на 25.9 отворен круг и четвртфинале 29.12, а 31.12 полуфинале и финале, се разбира, ако успеам да стигнам до таму. Што можам да кажам по одлуката да се повлечам која беше условена пред се од повредите, а и големото разочарување што ми го приреди УСАДА, кога здрав-парв ме суспендира, ама навистина задрав и парв, но наскоро тоа ќе биде тема, бидејќи само неколку луѓе знаат што навистина се случило“.

 „Во суштина, донсов одлука дека е доста. Прво неколку месеци се рехабилитирав од сите повреди кои ги влечев со години. Во меѓувреме повеќе организации ме викаа да настапам, но јас ги одбив. Тренирав секој ден, сепак, бидејќи тоа е мојот живот, а без тоа не можам, а и не размислував за враќање. Неодамна добив повик од Ризин, јапонска организација, наследник на легендарната ПРАЈД. Сопственикот на Ризин е поранешен сопственик на Прајд, со кого имав голема деловна соработка и пријателски односи. И тоа претежна да настапам на овој турнир на тешкашите. Договорен е настап само во септември и за Нова година, значи две, односно четири борби, во зависност од мојот резултат“.

„Со недели меркав дали да прифатам или не. Со Стипе Дервиш долго разговаравме за сè и на крајот решивме да го прифатам предизвикот. Прво, затоа што е непроценливо да се доживее онаа навала на адреналин во Саити арената и да се вратам 10-15 години наназад. Верувајте ми дека тоа е непроценливо и нема никаква врска со парите. А друга работа е спортската неправда која ми е нанесена, без оглед тоа кој што мислел. Затоа што ако наодите од ненајавениот тест ми се сосема чисти и уредни и нема траги од нелегални средства или допинг, тогаш не може и не смее да сум суспендиран и ставен на столбот на срамот во ист кош со луѓе кои под тежок допинг и одработуваа борби, но, ете, видовте дека може. И тоа не е начин да се оди и да опростиш од спортот. Ама, едноставно ми се згади од се и донесов одлука дека е доста, а на крајот и во 42-та година сум. Сепак, ќе се обидам уште еднаш да се качам на тронот. Дали ќе успеам, не знам. Конкуренцијата ќе биде тешка“.

„На турнирот ќе има шампиони од неколку организации и ќе биде крвав патот до тронот, но дали вреди да се обидете? Дефинитивно да! И поради себе и поради луѓето кои ме сакаат и почитуваат. Дали ќе успеам? Не знам! Но, верувајте ми, ќе го дадам најдоброто од себе и да бидам максимално подготвен за можеби најважниот настап во кариерата. И благодарам на сите на пораките со поддршка и на оние кои ја критикуваат мојата одлука, секој има право на свое мислење. Љубов и поддршка не очекувам од никого, освен од моето семејство и неколку блиски пријатели, но почит да, бидејќи во 43-тата да влезеш во рингот и да се бориш со млади лавови и тоа не затоа што сум гладен и што имам сила и бидејќи нешто сакам да докажам, туку само затоа што го сакам тоа и затоа што борбите се мојот живот, заслужува почит. Верувајте дека нема да се избрукам и ќе бидам максимално подготвен, па што ќе даде Бог! Поздрав“!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON