Мирче Јанушевски: Страв ми е кога ќе се повлече претседателот, зашто не дозволи да влезат и други спонозри во КФМ!

Mirce Jnausevski

Мирче Јанушевски 40 години се занимава со тренерска работа. Од 1975 година па до денес е во Карате клубот „Металург“ од Скопје, а до 34 година е активен натпреварувач.

„Тренерот Стефанчо ни отиде во војска, па моравме да го преземе клубот“, истакнува Јанушевски како почнала неговата тренерска кариера.

Основач на Металург е Крстевски Стефанчо, кој е и прв тренер во сексцијата во рамките на тогашна Железарница, а од 1976 година се регистрира како клуб, зашто требало да се натпреварува Првата југословенска лига. Инаку, клубот е основан 1969 година.

„Секогаш имал квалитени каратисти, кои биле и репрезентативци. Откако Минчо Јорданов 2003 година влезе во клубот, се постигнаа и најголемите резултати. Освоени се 11 поединечни медали од европските и светските сениорски првенства“, нагласува Јанушевски.

Tamara ribarska metalurg

Тој наведува дека во првиот освоен медал (бронзен) во сениорска конкуренција во 2005 година, што го освои женскиот ката тим на Македонија на Европското сениорско првенство, Металург учествува со еден натпреварувач, Тамра Рибарска. Во екипата која го освојува третото место на Европското првенство за региони за сениори 2009 година четири натпреварувачи од сеудм се од екипата на Металург, итсто така на ЕП за региони 2011-та, но за кадети и јуниори, во бронзениот медал пратиципираат четворица каратисти од овој клуб, а во другиот дел од екипта партиципира КК Макптерол.

KK Metalurg

Во 2007 година Македонија го освојува првиот поединечен медал од европксите првенства во сениорска конкуренција, кога Иво Цветковски стана вицешампион на Европа. Цветковски во таа година има и бронзен медал од Светското јуниорско првенство. И наредната 2008-ма Цветковски освојува бронзен медал, но сега од ЕП за јуниори.

„На Европското сениорско првенство 2010 година во Атина го освојува бронзениот медал победувајќи го домашниот натпреварувач. Тоа беше повод да не прими Претседателот на државата“, посочува тренерот на Металург.

Оваа година Мартин Несторовски на Европското првенство за сениори во Истанбул, Турција, го освои бронзениот медал во категоријата над 84 килограми и се стекна со право да учествува на првите Европски игри во Баку-Азербејџан. Несторовски е носител на бронзен медал и во јуниорска конкуренција од ЕП во 2008 гоидна.

Martin na tron na ep

Во 2010 година успесите на клубот ги продолжува јуниорот Бојан Јовановски, кој на ЕП се закитува со бронзен медал. Кадетот Азис Исмаили во 2011 година е вицешампион на Европа во Нови Сад, а една година подоцна јуниорите Крсте Мишев и Филип Ѓурчиновски од ЕП се враќаат со сребрен и бронзен медал. Виктор Крстевски, кој се наметнува на тренерот на сениорската репрезентација на ЕП 2013 во Коња-Турција го освои третото место.

Најуспешен каратист во историјата на КК Металург е Иво Цветковски кој има еден сребрен и два бронзени медали во сениорска и јуниорска конкуренција од европските и светските првенства, а 2007 година е балкански шампион во јуниорска конкуренција. На турнирите од Златната лига на Милано опен е прв, второ место има од Аустрија опен и Холандија опен, додека двете трети места се од Париз опен и Истанбул опен.

Ivo cvetkovski

Тој е Спортист на Македонија за 2007 година и добитник наградата на град Скопје „13 Ноември“.

Мартин Несторовски ќе се обиде да го помине Цветковски по успесите, покрај бронзените медали од европските првенства за сениори и за јуниори, тој е првиот победник на Карате 1 Премиер лигата во 2011 година во категоријата над 84 килограми, односно Голем победник. На турнирите во Премире лигата во Париз е 7-ми, во Истанбул 5-ти, а во Австрија го освојува брознениот медал.

Металург 8 пати бил шампион во Лигата на Македонија и 3 пати екипен првак. За овие 25 години клубот има 350-400 државни шампиони во сите категории.

Metalurg sampion

„Почнавме да правиме резултати кога каратето почна да се однесува како другите спортови, а тоа го овозможија Минчо Јорданов и Андреја Јосифовски од Макпетрол. Двата клуба имаат одлична соработка, а тоа ни помогна да напредуваме. Системот на работа носи резултати“, тврди Јанушевски.

Македонија има респект во светот на каратето по оставрените резултати. Каква е иднината на македонското карате и што може даMetalurg so dzef очекуваме?

„Во спортот нема минат труд. Денес победуваш, утре не важи тоа. Повторно треба да се докажеш. Тоа ќе биде најголемиот резултат. Треба да се отиде на Балканско првенство, Европско првенство, за кадети и јуниори и за сениори, Премиер лигата“, смета Јанушевски..

Тој истакнува дека картето се избори на спортско поле да учествува на Европските игри. Клубот во јули ќе оди на летниот семинар во Суто Море, а од август почнуваат подготовките за новата натпреварувачка фаза. Дел од неговите каратисти во ноември ги очекува настап на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21, но претходно треба да се покажат добри резултати за Државното првенство и Плеј-оф натпреварот. Реално, очекува неговиот клуб да даде 6-8 репрезентативци во сите категории.

Пред настапот на Мартин Несторовски на Европксите игри Јанушевски вели: „Секогаш се труди да биде прв. Тој е психолошки стабилен и се подига формата, а врвот треба да го постигне на Европските игри (13 и 14 јуни настапуваат каратистите). Неговата категорија е меѓу најтешките, бидејќи во конкуренција се Битевиќ, Ерке, Хорне и други. Целта на секој тренер е да ја зголеми извесноста. Сето тоа го правиме за да може да се предвидат можностите за медал. Македонскиот олимпсики комитет (МОК) отстапи од прваилото дека и тренерите треба да ги пратат своите натпреварувачи“.

Поради учеството на Несторовски на ЕИ, но и повредите Цветковски и на Ферат Корболучи, Металург на Европското првенство на регионите во јуни ќе патува ослабен, а како засилување се земени Симон Антиќ и Петар Заборски од Макпетрол. Капитен на екипата ќе биде Огнен Груевски, а во екипата ќе биде и Виктор Крстевски.

Успесите ги имаме,но загрижува фактот што на државните сениорски првенства се намалува бројот на учесници, што е загрижувачки за идината на македонското карате. Оваа година имаше 70 натпреварувачи.

Mirce goce amir

„За жал, во спортот има една појава, сите го сакаат но не го поддржуваат. Државните прваци се изборуваат да си го платат учеството во репрезентацијата, до сениори. Тоа е негативен момент. Малите деца ги финансираат родителите поради други општествени појави. Но, кога ќе стигнат во сениорска конкуренција, од нив се бара да помогнат во сејмениот буџет“, посочува Јанушевски.

Тој укажува на едно негативно искуство што се случи минатата година на Светското првенство во Бремен, Германија: „На СП Антиќ беше земен да се натпреварува во екипниот дел, но не го пријавија во поединечна конкуренција, а беше најдобар. Тоа е голема грешка. Натпреварувачот беше таму. Тоа е без логика. Иако ништо не платиле за него. При такви услови каков ќе биде одзивот на сениорите, кога веќе влегуваат во реалниот живот“?!

Од друга страна, Јанушевски има забелешка и на Правилникот за наградување на Агенцијата за млади и спорт во делот за тренерите.

„Правилникот треба да претрпи измени. Не сме само ние тренери. Има и други добри тренери, особено во помалите категории, додека сениорите се трошок. Пари добиваат кога ќе освојат медал. Правиме резултати а ништо не се менува во финансирањето. АСМ не го зголеми процентот во финансирањето за 100 или 200 проценти. Секаде во светот успесите се наградуваат. Не е во ред наградувањето на тренерите во поединечните спортови. Ако ние во клубовите имаме по 330 тренинзи со репрезнтативците, а и репрезентативците се избираат сами преку системот на натпреваруавње, сегашната распределба на наградите за освоен медал не е соодветна“, констатира Јанушевски.

Тренерот на Металург посочува дека Карате федерацијата на Македонија во 2010 година е најдобра, наредната гоидна е во врвот, а за минатата година истао така требало да биде прогласена за најдобра.

„Претседателот не дозволи да влезат други спонзори во каратето (Федерацијата). Има и други клубови што вадат каратисти, но сето тоа треба дасе негува за да се стигне до сениори“, укажува Јанушевски.

Неговиот клуб не учествуваше на Собранието на Карате федерацијата на Македонија.

„Не учествуваме поради тоа што во истиот ден беше и Плеј-офот. Од друга страна, што и да предложиме не се усвојува“, појаснува Мирче.

За очекувањата од македонското карате тој вели:„Лично, стравувам од ситуацијата кога ќе се повлече претседателот на КФМ. Ќе има пад на каратето, затоа што не обезбеди парична потпора од други фирми. Факт е дека најмногу давал пари во каратето. Ние баравме да менаџира, да бара спонзори. На времето побаравме да влезат Макстил и Макпетрол со свои претставници во КФМ, но тоа беше одбиено“.

Јанушевски укажува дека еден сениор, воедно и репрезенттаивец, со сите трошоци за натпреварувања, осигурувања, санации на повреди и друго еден клуб го чини 15.000 евра.

ipon.mk/В. Донев

  • null
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО