Миоки севкупен победник на „Миоки опен 2016“ (ФОТО)

mioki-site-na-mioki-2016

Најуспешни екипи на Mеѓународниот џудо куп „Миоки опен 2016“ се: ЏК Миоки од Скопје кај полетарките, ЏК Пролетер од Прилеп кај полетарците, ЏК Салихли од Турција кај пионерките, ЏК Дрим од Струга кај пионерите, ЏК Анкара од Турција кај кадетките, ЏК Кинезис од Ниш кај кадетите, ЏК Миоки кај сениорките и ЏК Локомотив од Софија кај сениорите. За Најуспешна странска екипа беше прогласена екипата на ЏК Анкара, додека пак најуспешна домашна екипа ЏК Миоки.

Миоки освои вкупно 36 медали – 6 златни, 11 сребрени и 19 бронзени и беше прогласен за севкупен победник на настанот.

hamza-jasari-na-mioki-2016

Репрезентативецот Хамза Јашари апсолутно доминираше на татамито, освојувајќи златни медали во конкуренција кадети до 60кг и во сениори до 60кг. На натпреварот учествуваше и олимпијката Катерина Николоска која освои злато во категоријата до 63кг.

mioki-vo-stroj-na-mioki-2016

Ова беше најмасовниот и најквалитетниот досега одржан џудо настан во Македонија. На кој настапија вкупно 513 натпреварувачи од 14 држави. На натпреварот учествуваа 12 од 24 клубови од Македонија.

miokii-open-2016-postrojuvanje

„Со оглед на силната конкуренција, една половина од клубовите не се осмелија да настапат. За жал, на настанот не се појави ниту еден претставник од ЏФМ, а само еден од четирите селектори беше присутен со својот клуб, иако ова е еден најсилните и најрепрезентативните џудо купови во регионот и би требало да биде изборен натпревар за потенцијалните репрезентативци“, сметаат од Миоки.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО