На Државното екипно првенство вчера во Прилеп Џудо клубот Миоки од Скопје стана шампион во женска конкуренција и вицешамипон во машка.
Џудистките на Миоки убедливо ги победија противнчките од Сеишин од Прилеп со 7-0 во победи.
На Екипното првенството учествуваа две женски и три машки екипи, односно Миоки и Сеишин во женска конкуренција, овие два клуба и Пролетер во машка.
Во машка конкуренција Миоки беше поуспешен од Сеишин, додека во мечот со Пролетер беа поразени, но оваа средба предизвика бурни реакции во врска со судењето кај гостите.
„Во клубот постои големо незадоволство и револт од пристрасноста и катастрофалните грешки на судиите во дуелот меѓу машките екипи на ЏК Пролетер и ЏК Миоки. Лошото и пристрасно судење на тројцата прилепски судии: Златко Јолески, Томче Јосифоски, Филип Јовески, како и судијата Златко Кочевски од Битола, фрли лоша сенка врз настанот. Во одлучувачките борби кои го одредија исходот од дуелот, наместо да се досудат поени за ЏК Миоки, од нејасни причини судиите ги игнорираа правилата на џудо спортот и досудуваа поени за противниците или, пак, воопшто не досудуваа поени. За горенаведеното постои видео запис кој ќе биде искористен во прилог на приговорот кон судењето“, велат од ЏК Миоки.
Во двете конкуренции, заеднички, Миоки е најуспешен клуб.
За шампионскиот тим на Миоки настапија:
-48 Ивана Никодиноска
-52 Наталија Динова/ Кристина Јазаџиќ
-57 Берна Шерифовска/ Галиа Иванова
-63 Магдалена Бојаџиска
-70 Катерина Николоска
-78 Габриела Гигова/Стефани Ивановска
+78 Ангела Велковска.
Во машката екипа боите на клубот ги бранеа:
-66 Горан Крстановски
-73 Борис Борисов
-81 Ангел Динов
-90 Александар Фузевски
-100 Стојчо Терзиев
+100 Ѓорѓи Стојанов.
Ipon.mk/В.Д.