Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ, ја повика организацијата да закаже трет меч со Френсис Нгану. Американецот ја загуби титулата откако во март беше нокаутиран од Предаторот.
Ова им беше втор судир во октагонот, откако во јануари 2018 година Миочиќ беше тој што му го нанесе првиот пораз во кариерата на Нигериецот. Во оваа прилика, поранешниот шампион сега го критикуваше шефот на УФЦ, Дана Вајт, затоа што не го ни прашал за таков развој на настаните.
Нгану на почетокот на следната година ќе се соочи со Сирил Гане за да го брани појасот. Французинот го доби ова право со победата над Дерик Луис, стана привремен шампион. Сепак, според Миочиќ, тој требало да биде еден од борците кои исто така заслужиле да учествуваат во таква битка.
„Посакувам да ме прашаа. Знам како функционира УФЦ, се е работа и пари. Но, во исто време, мислам дека заслужувам трилогија со Нгану. Сите други имаа таква шанса, освен јас. Титулата беше моја, имаме една победа со него, нормално е да имаме трет меч“, ја коментира ситуацијата Миочиќ.
Американецот го држи рекордот за најуспешни одбрани на појаси во тешка категорија на УФЦ – четири. Тој е и најчесто наградуваниот борец во категоријата за неговиот настап во кафезот.