Миочиќ го предупредува Џонс: Во тешка категорија сите сме опасни момци

Џон Џонс има амбиции да се бори во тешка категорија и да ја освои титулата. Досега пречка беше што тој бараше големи хонорари, а УФЦ не сакаше да му ги даде. Но, во реалноста, Џонс нема друга насока за развој во кариерата, освен да се пресели во тешка категорија, а можеби е прашање на време кога ќе го видиме таму.

Сепак, шампионот Стипе Миочиќ го предупреди дека му треба само еден удар за да заврши сè.

„Слушај сега, овде сме само големи момци со мали ракавици. Потребно е само еден удар. Не ми е грижа дали си удрен или не – тие секогаш можат да те удрат. Не ми е гајле кој си.

Џонс има одлична техника. Ова дефинитивно ќе му помогне. Многу е прилагодлив во она што го прави. Има добра стратегија во своите битки. Тоа е половина од целата борба – да имате добар план кога ќе се борите“.

И покрај намерите на Џонс да помине кај тешкашите, шампионот Стипе Миочиќ не изгледа заинтересиран за меч со него. Според Хрватот, има многу други претенденти во неговата категорија кои повеќе заслужуваат шампионска битка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON